СветСветот на работникот

Хрвати заминале во „ветната земја“, па занемеле – „Тука се пропаѓа, ние сме граѓани од втор ред, заминуваме“

Хрвати на Reddit расправале за преселувањето од Германија во Швајцарија. Поголемите плати привлекуваат многумина, но високите трошоци и притисокот на работа откриваат друга страна на живтот.

Се’ повеќе луѓе кои живеат и работат во Германија размислуваат да се преселат во Швајцарија, но искуствата на Хрватите на Reddit покажуваат дека животот во една од најбогатите европски земји не е нужно онаков каков што изгледа на хартија, пренесува Večernji.

Расправата започнала откако еден корисник на хрватскиот Reddit, кој моментално живее во Германија, поставил едноставно прашање: дали планира уште некој да се пресели во Швајцарија?

„Би сакал да одам одовде бидејќи сето ова пропаѓа и нема смисла да се остане“, напишал, покренувајќи расправа за тоа каде денес повеќе се исплати да се живее – во Германија или Швајцарија.

Темата многу брзо го привлекла вниманието на другите корисници, а коментарите покажале дека постојат потполно различни искуства.

Швајцарија како ветена земја?

Еден од коментаторите ја претставил Швјцарија како речиси идеална алтернатива на остатокот од Европа.

Според неговото мислење, земјата има стабилен политички систем, високи плати, силна економија и поинаков однос кон даноците и социјалната политика. Посебно ја истакнал швајцарската традиција на директна демократија и фактот дека политичките одлуки често доаѓаат пред граѓаните на референдуми.

Меѓутоа, други корисници брзо потсетиле на она што често се заборава кога се споредуваат платите – трошоците на живот.

Висока плата не значи автоматски подобар живот

Еден од коментаторите смета дека заминувањето во Швајцарија нема многу смисла ако лицето таму работи просечно платена работа.

Неговата порака била јасна: ако некој сака да направи сериозен финансиски исчекор, би требало да има добро платено занимање или да работи работа за која постои голема побарувачка.

Причината се исклучително големите трошоци на живот.

Сместувањето, здравственото осигурување, храната, услугите и секојдневните потреби можат значајно да ја намалат разликата помеѓу германската и швајцарската плата. Поради тоа платите кои на прв поглед изгледаат огромно не мора нужно да носат пропорционално поголем стандард на живот.

Со други зборови, не е доволно да се праша колкава е платата – важно е колку пари остануваат после сите трошоци.

„Има повеќе пари, но и притисокот е поголем“

Посебно интересен коментар оставил Хрват кој моментално работи во Германија, но е вработен во швајцарска компанија.

Тој тврди дека платите во Швајцарија се поголеми, но односот кон работниците често е построг.

Според неговото искуство, боледувањето, работниот притисок, очекувањата на работодавачот и одговорностите можат да бидат на поголемо ниво отколку во Германија.

Затоа смета дека нема смисла преселувањето да се гледа исклучиво преку парите.

„Не е се’ до парите, тоа луѓето често го сфаќаат кога ќе отидат“, порачал.

Таа реченица особено одекнала во расправата бидејќи многу луѓе во прилика на заминување во странство прво го гледаат износот на платата, а дури подоцна сфаќаат колку на квалитетот на животот влијаат работното време, стресот, сигурноста на вработувањето, слободните денови и односот на работодавачот кон вработените.

Дали странците во Швајцарија се граѓани од втор ред?

Расправа отвори и едно многу понепријатно прашање – колку доселениците навистина можат да се чувствуваат како рамноправни членови на општеството.

Еден од коментаторите тврдеше дека странците, особено луѓето со потекло од Балканот, никогаш не можат целосно да бидат прифатени во швајцарското општество.

Како илустрација го наведе и презимето што завршува на „-иќ“, тврдејќи дека потеклото може да претставува пречка дури и кога едно лице има добра работа, образование и уредна финансиска состојба.

Другите корисници не се согласија со таквиот став, но токму овој дел од расправата покажува дека одлуката за емиграција не е само прашање на плата.

Не се сите убедени дека Германија „пропаѓа“

Интересно е што дел од коментаторите не се согласија со првичното тврдење дека Германија повеќе не е добро место за живот.

Еден корисник едноставно напиша:

„Германија е супер, особено Минхен“.

Друг наведе дека токму се преселува во Германија, и тоа на работа со плата од околу 100.000 евра годишно. Неговиот став е дека прво ќе се обиде да изгради живот таму, а ако не му се допадне, секогаш може да ја разгледа Швајцарија или Обединетите Арапски Емирати.

Со тоа, расправата доби целосно поинаква перспектива.

За некого со високо образование и многу добра плата Германија може да биде одлична опција. За некого со просечни примања, истовремено, Швајцарија може да изгледа многу помалку привлечна кога ќе се пресметаат киријата, осигурувањето и секојдневните трошоци.

Што е тогаш подобар избор – Германија или Швајцарија?

Одговорот очигледно не зависи само од државата.

Ако некој има барана професија, висока плата и е подготвен да прифати поголем интензитет на работа, Швајцарија може да претставува многу привлечна опција.

Од друга страна, Германија може да биде поинтересна за луѓето на кои им се важни поголема социјална заштита, поинаков баланс меѓу работата и приватниот живот и нешто пониски трошоци за живот во однос на Швајцарија.

Затоа, можеби најголемата грешка е преселувањето да се гледа низ една бројка – бруто-платата.

Многу поважно прашање е колку пари на крајот од месецот остануваат, колку време човек има за себе и за семејството, каква е работата и колку се чувствува сигурно и прифатено во новата средина.

Швајцарија звучи примамливо, но пресметката мора да биде студена

Расправата на хрватските корисници на Reddit покажа токму она што често се губи во приказните за заминување во побогатите земји.

Швајцарија навистина е меѓу најбогатите земји во Европа, но високите примања доаѓаат заедно со високи трошоци и изискувачки пазар на трудо.

Затоа, прашањето не би требало да се сведува на „Каде е поголема платата?“, туку на многу поважно:

Каде по одбивањето на сите трошоци ќе имам подобар живот?

За некои одговорот ќе биде Швајцарија. За други Германија. А за трети – некоја сосема друга земја.

Извор: Bizportal.rs