СветСветот на работникот

Mercedes ќе затвора фабрики во Германија

Кризата зачука и на вратата на Mercedes – сите нови инвестиции во фабриките во Германија се запрени, а се разгледуваат можностите и за нивно затворање.

Причините за очајничкиот потег на раководството на Mercedes се познати. Високите трошоци за производство и неуспешните преговори со претставниците на синдикатите за нивно намалување.

Одлуката која е донесена под притисок на намалената побарувачка и зголемената конкуренција претставува порака до вработените наново да седнат на преговарачката маса која ја напуштија после неколку месеци дискусии.

Но и да се случи тоа, решението сепак не е на повидок – управата на Mercedes бара вработените за иста плата да работат подолго – 38 место 35 часа неделно, што за нив е непримерно  и неприфатливо. Според интерните информации Mercedes сака во своите германски погони да заштеди по 800 милиони евра годишно.