Хоџа за „Локално“: Просториите во Министерството одговораат за оптимумот за број на вработени
„По добивањето на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, управувањето со приватниот бизнис кој постои веќе 12 години, го префрлив на сопругата. Промената ја наведов во пријавата во анкетниот лист. Јас и понатаму останувам во сопственичката структура“, истакна Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа во интервју за „Локално“.
Во однос на дописот од вработените кои тврдеа дека во просториите на МЗШВ нема основни услови и хигиена во рамки на безбедноста и заштитата од Ковид 19, вели дека во министерството работните простории се организирани од отворен тип. „Просториите одговараат на оптимумот за број на вработени по површина и целосно ги задоволува потребите од протоколот на Комисијата за заразни болести“, тврди Хоџа.
Целосното интервју прочитајтете го тука

