„Имаме план како платите да изнесуваат од 35,000 до 55,000 денари“
Бобан Илијевски
Претседателот Синдикатот за угостителство и туризам – СУТ Роберт Митровски во мини интервјуто за „Работник“ зборуваше за ситуацијата во којашто се наоѓа угостителско – туристичкиот сектор.
Митровски вели дека следејќи ја ситуацијата во која се наоаѓа угостителско туристичкиот сектор и анализите на терен, синдикатот смета дека е должен да алармира за тоа што се случува овие денови, нагласувајќи дека се случува токму тоа за што цела година зборува на порталот „Работник“.
Истакна дека буквално секој ден од синдикатот, се бара да помогне околу пронаоѓање на кадар кој ќе одговори на потребите на веќе 100 % отворените објекти за послужување на храна и пијалаци.
Вели дека каде можат да помогнат, го прават тоа. Се ангажираат на секој можем начин, но посочи дека дошле до ситуација каде што готвачи, бармени и келнери нема ни за „лек“.
„Без навреда, се бараат работници само за да се појават на работа без никакво претходно искуство во угостителството или по готвачки речник кажано ‘само да знае да држи нож’“, вели Митрвоски.
Многу нивни роднини, комшии и пријатели, раскажува Митровски, се „газди“ на ресторани, кафиќи и слично, нагласувајќи дека досега биле во можност да им помогнат, но дошло до ситуација да не бидат во можност да им излезат во пресрест и да ги задоволат потребите околу работната сила која им е потребна на угостителите во моментов.
Вели дека голем дел од работодавачите ги упатуваат помош да побараат во коморите, но и од нив добивале одговор дека има недостиг од овие професии. Ова, според него е за чудење, бидејќи како што вели пред некој месец истите комори вишокот на работна сила го „нуделе“ во соседството со нивно посредување.
Митрвоски за „Работник“ откри дека СУТ има план и рече дека ако веднаш се прифати во угостителско – туристичкиот сектор, просечната плата ќе се движи од 35,000 до 55,000 денари, во зависност од коефицинетите на сложеност на работните места.
„Значи најрано во септември нашите работници во овој сектор бил земале пристојна плата која дури би ги оптеретила работодавачите, би ја намалила сивата еконмија, значително би се зголемила продуктивноста и се разбира во тој случај мислиме дека одливот на работници драстично би се намалил“, рече Митровски.
Митровски не откри детали околу овој план, посочувајќи дека дополнително ќе не информира во следниот период.
Тој изрази надеж дека предлогот на синдикатот ќе допре до вистинските луѓе кои се подготвени да помогнат на сите работници кои, како што вели, се робови во својата држава.
Митровски ги поздрави сите 45,000 угостители вработени во овој сектор и им порача дека тие 200 ќе се борат за сите, без исклучок, како досега, така и понатаму.

