ПравдаСветот на работникот

Има 536 пожарникари помалку од законски потребните

   Време за читање помалку од минута

Во државата недостигаат 536 пожарникари за да се достигне законски пропишаниот минимум, а просечната старост на противпожарните возила е 28 години, покажува истражувањето што го изработи Центарот за граѓански комуникации.

Најмногу пожарникари, над 200, му недостигаат на Скопје, по што следуваат Тетово каде недостигаат 65 пожаникари и Гостивар со 52 пожарникари помалку од законски предвидените. Во Куманово недостигаат 49 пожаникари, во Битола 32 и во Прилеп 26 пожарникари.

Меѓу општините со повеќе од законски предвидениот минимален број пожарникари се Охрид и Ресен, кои имаат само по двајца пожарникари повеќе од минимално определениот број, како и Демир Хисар и Крушево – со по еден пожарникар над минимумот, објави Канал 5.

Целосниот текст прочитајте го тука