- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Информации за вработените и нивната вакцинација

Информации за вработените - Работник
491views

Здравјето и сигурноста на децата кои посетуваат настава во општинските основни училишта и престојуваат во детските градинки е врвен приоритет во Општина Центар.

За таа цел, наставничките, воспитувачките и вработените во основните училишта и детските градинки се дел од процесот на вакцинација кој во моментов се одвива во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Вакцинирањето против вирусот КОВИД 19 е дел од активностите кои Владата ги спроведува за справување со моменталната глобална пандемија на коронавирус, која не ја одмина ни нашата држава.

Градоначалникот Саша Богдановиќ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките препорачани од надлежните институции, да носат заштитни маски и да бидат одговорни, затоа што само така сите заедно ќе излеземе како победници од оваа пандемија на корноавирус.

Првата групата од 64 воспитувачи, негователи, стручни работници и соработници од ЈОУДГ „Мајски Цвет“ денес се вакцинираше со вакцината на Спутник V во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Како што ни изјави директорката на ЈОУДГ „Мајски цвет“ Снежана Тодоровска сите вработени кои денеска ја примија вакцината се чувствуваат добро и немаат некои несакани ефекти .

Наредната недела се очекува да се вакцинираат и останатите уште 20- тина вработени , како технички персонал и административните работници.

За денешната вакцинација на вработените во градинките на социјалните мрежи информираше и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

„ Денес започна вакцинацијата на вработените во детските градинки.Околку 2.000 негователки, воспитувачи, педагози, психолози денес ја примија првата доза на вакцината против Ковид-19. Апел до сите вработени во детските градинки кои имаат можност за приоритетна вакцинација, да се вакцинираат и со тоа да го зачуваат своето здравје, здравјето на најмалите и нивните семејства“, напиша министерката Шахпаска на својот фејзбук профил.
 

Следната недела ќе почне вакцинирањето на вработените во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници.

Со нив, се очекува да заврши вакцинацијата на приоритетните групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата.

Во А1 Арената „Борис Трајковски“, од почетокот на оваа недела со „Спутник“ се вакцинираат припадниците на Армијата и МВР, дел од здравствените работници, наставниците и воспитувачите во градинките.

Досега се вакцинирани 18 261 граѓанин.

Во тек е и вакцинацијата на лица над 77 години со вакцината „Астра Зенека“.

Премиерот Зоран Заев пред два дена најави дека околу 300 илјади вакцини од различни производители се очекува месецов да пристигнат во земјата. Тој образложи дека станува збор за првите вакцини од Европската Унија наменети за Западен Балкан, од кои за Македонија се издвоени 100 илјади дози. Првично, од нив би требало да стигнат 20 – 25 илјади, рече Заев.

Понатаму, се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од „Фајзер“, како и втората пратка преку Ковакс-механизмот. За месецов, планирана е и испораката на 200 илјади кинески вакцини, како и значителна количина „спутник В“, за кои има договор за 200 илјади дози, додаде премиерот.