Исповед на жртва на семејно насилство: Малтретирана дома, исмејувана надвор и од институциите
„Прво си помислив дека е некоја моментална нервозна, агресивна ситуација којашто нема да се повтори, но сè почесто и почесто се повторуваше и на крајот премина во навика. Си мислиш дека еден ден ќе престане, но се лажеш, тоа нема никогаш да престане, само се зголемува и се влошува. И секогаш трпиш сè поголемо и поголемо насилство.“
Младата жена на возраст од триесетина години вознемирено ги „крцкаше“ прстите на рацете додека раскажуваше за агонијата низ која минувала во изминатите десет години. Неколку недели размислуваше дали да ја сподели со нас својата приказна за насилството кое го трпела од сопругот. Еден ден нѝ се јави и рече дека е подготвена да го стори тоа, бидејќи сака да испрати порака до жените кои се заробени во „кафезот на семејното насилство“.
Повеќе на А1он