МакедонијаПравда

Истражување: Образовниот систем не е подготвен за е-настава, потребен е унифициран модел и обука на наставниците

58views

Образовниот систем потфрлил, средните училиште неподготвени за онлајн настава. Резултатите од истражувањето на ЛЕАД се поразителни.  Дигиталните алатки речиси да не биле користени пред ковид кризата. Главно наставата се одвивала преку испраќање задачи и презентации на маил.

Од здружението ЛЕАД предлагаат да се унифицира една платформа која ќе ја користат сите училишта и еднакво да бидат ангажирани сите наставници за што е неопходна и обука.

Ниту едно средно училиште не спровело евалуација за тоа како течела онлајн наставата. Истражувањето е спроведено во периодот од 25 мај до 15 јуни а биле опфатени 407 наставници и 627 ученици во средни училишта од сите региони во земјава.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат што владата на СДСМ се уште нема план како ќе се одвива новата учебна година.

„На месец дена пред почеток на новата учебна година недостасуваат одговори, за времетраењето на часот, следењето на настава на учениците без технолошки средства, за спроведување на практичната настава во средните училишта, средните стручни училишта особено, и бројни други мерки и образложение на истите. Ако вие не знаете има кој знае.“

Извор: Сител