Занимливости

Италија: Средновековно село, потопено пред 25 години, можеби повторно ќе излезе на површина

166views

Селото Фабриче ди Карегина во Италија, кое потекнува од 12. век, веќе 25 години е под вода. Но, наскоро тоа можеби повторно ќе излезе на површина…

Средновековната населба имала свои жители сè до 20. век. Се наоѓа во областа Тоскана, а првпат била евакуирана и намерно поплавена во 1946 година, при изградба на хидроелектричната брана на вештачкото езеро Ваљи. Половина век подоцна, тоа целото потонало.

Потонати под 34 милиони кубни метри вода, скоро непроменетите градби и зданија на напуштеното село, вклучувајќи камени куќи, мост, гробишта, како и црквата Сан Теодоро, сè уште се гледаат, но само кога браната се празни поради одржување. Според тамошните надлежни за туризам, ова се случило само четирипати откако селото било поплавено – во 1958, 1974, 1983 и 1994 година.

Езерото денес има улога на резервоар за вода во случај на пожар. Во своја Фејсбук-објава, Лоренца Џорџи – ќерка на поранешниот градоначалник на општината Илио, Доменико Џорџи, посочи дека тоа може да биде исушено догодина. Властите веќе неколку години се обидуваат да го испразнат езерото и да го вратат уништеното село на површина, оти така би се решиле многу прашања околу туризмот и отворањето нови работни места.

Извор: Сител