НовостиСветот на работникот

И 7000 УВЕЗЕНИ РАБОТНИЦИ СЕ МАЛКУ Бизнисот бара повисока квота за вработување странци

   Време за читање 3 минути

Вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи на состанокот со Делегацијата на германското стопанство во земјава, изјави дека ќе се увесуцаат 7.000 странци а македонските работодавчи и бизнис секторот сметаат дека  зголемувањето за дополнителни 2.000 странски работници само ќе го ублажи проблемот со недостаток на работна сила во земјава.

Зголемена е квотата за увоз на странски работници, од 5.000 на 7.000. Вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи оваа вест ја кажа на состанокот со Делегацијата на германското стопанство во земјава, а македонските работодавчи и бизнис секторот сметаат дека зголемувањето за дополнителни 2.000 странски работници само ќе го ублажи проблемот со недостаток на работна сила во земјава. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели дека оваа нова квота најверојатно ќе биде веќе премала за наредната година.

– Во овој момент, зголемените барања за увоз на странски работници на еден начин ќе се реши со зголемувањето на квотата, но јас сум сигурен дека за идната година веќе и оваа бројка ќе биде мала. Информиран сум дека многу компании се во тек на подготвуваање на документација и соработка со разни агенции за увоз на работна сила во Македонија – вели Димитров.

Според Димитров, треба да се олесни постапката за увоз на странски работници во земјава по примерот на Србија и другите земји на Балканот.

-Затоа што овој закон кај нас, како што е правен е во време кога сме имале голем број на невработени. Така да има доста големи пречки, со цел ете да не се зголеми невработеноста во Mакедонија. Но во овој момент можеби треба и нов Закон. Затоа што процедурите се навистина многу тешки, бараат многу време, многу напори – вели Димитров.

Но, Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека во моментов не се знае дали и квотата од 5.000 странски работници е пополнета и во кои сектори се ангажирани. Смета дека на ова треба прво да одговорат од Организација на работодавачи и Владата, каде се овие странски работници. Но, и да образложат за каде се планираат останите 2.000 странски работници. Таа посочи дека со ова може и да се намали цената на трудот на македонскиот работник.

-Бидејќи вака како што е работата ние немаме одговори каде се моменталните 5.000 и за каде ќе бидат останатите плус 2.000. Со ваквите изјави и политики, најверојатно се планира да се намали цената на работникот и да се исплаши – вели Ампева.

Анализите на вицепремиерот Битиќи во март годинава покажале дека во земјава недостасуваат 10.000 работници, а најмногу во секторите градежништво и угостителство.