МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Членовите на СОНК ја добија првата тужба за неисплатени средства за зголемен обем на работа во пандемијата

Фејсбук статус на Јаким Неделков, Претседател на СОНК:
 
Членовите на СОНК, користејќи го правото на бесплатна правна помош, ја добија првата тужба за неисплатени средства за зголемен обем на работа во времето на пандемија.
Имено, падна првата Пресуда на Основен суд, во корист на СОНК, каде се прифати нашето тужбено барање за прекувремена работа, односно работа со две групи на ученици од прво, второ и трето одделение, со физичко присуство за време на пандемијата.