Останато

Какви ќе бидат ефектите од најавата за 4 часа работа во петок на администрацијата

Еден од најдобрите економски познавачи во Македонија, Зоран Јовановски на Фејсбук ја искоментира најавата на власта администрацијата да работи во петок само четири часа.

Тој вели дека она што би требало да биде редовна практика кај секој предлог-закон е економска анализа со очекуваните квантифицирани ефекти од законот.

Воопшто не навлегувам во можните чисто политички, изборни или религиозни мотиви за предлог-законот за намалувањето на работните часови на администрацијата во петок за 4 часа.

Она што би требало да биде редовна практика кај секој предлог-закон е економска анализа со очекуваните квантифицирани ефекти од законот.
Претпоставувам дека таква анализа има и за овој предлог-закон и убаво би било таа да се даде на увид на јавноста, напиша Јовановски.