НовостиСветот на работникот

Како да се изборите со петте најголеми „убијци“ на мотивацијата на вработените?

   Време за читање 4 минути

Мотивцијата на вработените е клучна за продуктивноста и успехот на компанијата, но во современиот деловен свет многу фктори можат негатовино да влијаат на ентузијазмот на вработените. Во продолжение следуваат пет најголеми „убијци“ на мотивацијата, со примери и совети како работодавачите можат да го спречат губењето на волјата за работа на своите вработени.

1. Недостиг на признанија и пофалби

      Вработените кои се чувствуваат непрепознаени или недоволно ценети често ја губат мотивацијата за работа. На пример, во компаниите каде трудот и достигнувањата се земаат здраво за готово, работниците можат да мислат дека нема смисла дополнително да се трудат, бидејќи нивната работа нема да биде препознаена.

      Совет за работодавачите: Воведете редовни механизми за признанија, како што се месечни награди, пофалби на состаноци или симболични подароци за исклучителни придонеси. Пофалбата, било да е јавна или приватна, може значајно да ја зголеми мотивацијата на вработените.

      2. Лоша комуникација и недостиг на повратни информации

      Недостатокот на јасна и конструктивна комуникација помеѓу менаџментот и вработените е една од најголемите причини за падот на мотивацијата. Ако вработените не знаат што се очекува од нив или каков е нивниот учинок, доаѓа до чувство на несигурност и збунетост. На пример, компаниите во кои повратните информации се даваат само во кризни ситуации често се соочуваат со демотивирани тимови.

      Совет за работодавачите: Одржувајте редовни еден на еден состаноци и давајте повратни инфомрации на конструктивен начин. Отворената и транспарентна комуникација создава доверба и на вработените им дава јасна слика за нивните задачи и учинок.

      3. Преоповарувањето со работа и недостигот на баланс помеѓу работата и приватниот живот

      Бурнаутот или согорувањето на работно место станува се‘ почест проблем во современото деловно опкружување. Вработените кои константно се оптоварени со обврски и на кои не им се дава доволно време за одмор губат мотивација и стануваат помалку продуктивни. На пример, вработените во технолошкиот сектор често работат долги часови, што може да доведе до замор и пад на ефикасноста.

      Совет за работодавачите: Промовирајте култура на баланс помеѓу работата и приватниот живот. Пружете им на вработените флексибилни работни часови, овозможете работа на далечина или воведете дополнителни слободни денови кога тоа е можно. Исто така, охрабрете ги вработените да ги користат своите одмори за да се регенерираат.

      4. Недостаток на можности за развој и напредување

      Кога вработените не гледаат прилика за професионален раст или напредок внатре во компанијата, нивната мотивација често опаѓа. На пример, вработените кои со години ја работат истата работа, без никакви прилики за дополнителни обуки или напредувања, често чувствуваат стагнација и губат интерес за работата.

      Совет за работодавачите: Вложете во програми за обуки и усовршување и промовирајте култура на учење. Создадете јасни кариерни насоки и овозможете им на вработените да ги унапредат своите вештини и да напредуваат во рамките на компанијата. Ова не само што ја зголемува мотивацијата, туку и ги задржува талентираните вработени.

      5. Негативно работно опкружување и токсична култура

      Негативното работно опкружување, кое е каратеризирано од лоши меѓучовечки односи, непочит или дури и дискриминација, може да биде огромен мотивациски проблем. На пример, компаниите во кои на вработените често им се префрла вина или каде постои високо ниво на конфликт помеѓу колегите создаваат непријателска атмосфера која брзо ги демотивира вработените.

      Совет за работодавачите: Создадете позитивна и поддржувачка работна култура. Поставете јасни правила на однесување и поттикнете ги соработката, меѓусебното почитување и тимската работа. Исто така, веднаш реагирајте на било какви знаци на мобинг или дискриминација за да обезбедите здраво работно опкружување.

      Заклучокот е дека мотивацијата на вработените е од клучна важност за деловниот успех. Препознавањето и елиминирањето на овие „убијци“ на мотивацијата може драстично да ја зголеми продуктивноста и задоволнството на работните места. Работодавачите кои редовно комуницираат со своите вработени, пружаат признанија, поттикнуваат развој и негуваат позитивна работна атмосфера, можат да очекуваат долгорочна лојалност и ангажираност на своите тимови.

      Извор: Bankar.me