Како успешно да управувате со времето?
Подготвил: Бобан Илијевски
Често се наоѓаме во дилема што прво да направиме кога ќе пристигнеме на работа, односно на која задача да ѝ дадеме приоритет. Многу од работите се итни и важни.
За успешно да ја извршувате вашата работа, примнете ја матрицата „итно-битно“, која ја препорачува бизнис менторот Милан Трбојевиќ.
Според него, ако ја користите, многу полесно ќе управувате со своето време и нема да доаѓате во ситуација да не знаете што попрво да направите.
Постојат четири категории според кои треба да се водите за да ја извршите работата без тензија:
1. Битно и итно
Она што е битно и итно (има некој временски рок) направете го веднаш.
2. Битно, не е итно
Она што е битно, но не е итно, планирајте го на долги стази.
3. Не е битно, но е итно
Она што не е битно за вас лично, но е итно и мора да се заврши, делегирајте го некому.
4. Не е битно, не е итно
Задачите кои не се важни, а не се итни можат да се елиминираат токму поради тоа. Кога еден од параметрите ќе се промени, ќе биде на вашата листа.
Извор: Bizlife.rs/Manager.ba

