ЕкономијаМакедонијаНовости

КАМ ги објави поевтинетите производи од новогодишната кошничка, но и ја прошири листата

   Време за читање 1 минута

Како транспарентна и одговорна компанија кон своите потрошувачи, КАМ ги објави производите кои ќе се продаваат по пониски цени во маркетите како дел од новогодишната кошничка од 15 декември до 15 јануари.

Покрај препорачаните производи, КАМ самоиницијативно дополнително ја прошири листата на производи по намалени цени од асортиманот на приватни трговски марки како Bella Farm, Rancho, Gusto, Sunny Fantasy, Saluti, Milord, Chardak итн. со цел дополнително да ја зголеми понуда на производи по намалени цени за своите потрошувачи.

ciWG010JD8 kam gi objavi poevtinetite proizvodi od novogodisnata kosnicka no i ja prosiri listata

– Транспарентноста е основа на нашиот однос кон потрошувачите со цел тие да можат да носат информирани одлуки и заедно да ја градиме довербата. Секој производ што влегува во новогодишната кошничка е јасно обележен со ознаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Редовните промотивни активности како и секоја година продолжуваме да ги реализираме со зголемен обем со желба на купувачите да им ги направиме празниците поубави со тоа што секој потрошувач ќе може да си купи празнични производи со висок квалитет по ниски цени – велат од КАМ.

bD4nLV4pin kam gi objavi poevtinetite proizvodi od novogodisnata kosnicka no i ja prosiri listata

Производите веќе се достапни да се погледнат на веб-страницата mojakosnica.mk која е отворена во рамки на владината кампања „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, на FB профилот Моја кошница, како и на линкот од веб-страницата на КАМ.