Кариера: Интервју со Маја Штерјовски – HR менаџер во МТЕЛ

1. Кажете ни малку повеќе за почетоците на вашата компанија во нашата држава, бидејќи сте релативно нов бренд кој одлично се пробива  од кога постои во нашата држва, како помина првата година од поставувањето на основите?

МТЕЛ во Македонија почна со работа пред една година. Стартувавме со понуда на пакети за сателитска телевизија mSAT TV. Пристапот до ексклузивни содржини, квалитетниот избор на филмски, спортски, музички, информативни и документарни канали како и одличната услуга и корисничка поддршка кои што ги нуди МТЕЛ за брзо беа препознаени од македонските корисници. Од пред неколку дена, поточно од 26 октомври МТЕЛ ја лансираше и понудата на услуги за мобилна телефонија и интернет.

Инаку, МТЕЛ е членка на Телеком Србија, регионалниот телекомуникациски лидер кој што е присустен во речиси сите држави во регионот и испорачува телекомуникациски услуги кон 11 милиони корисници во регионот и држави од Европа.

Повеќе на Кариера