Правда

Кафеаните да работат до 21 часот, предлага Филипче

Кафеаните да работат до 21 часот - Работник
71views

Кафеаните, кафулињата и сите други угостителски објекти да работат до 21 часот., е најновата мерка којашто Комисијата за зразни болести планира да ја предложи до Владата, а во насока за заштита од ширње на коронавирусот.

„Ќе предложиме угостителските објекти да работат до 21 часот“, вели министерот Венко Филипче, на прашањето дали е точно дека Владата размислува за носење на ваква мерка.

Овој предлог најверојатно уште во вторник ќе се најде на владина седница, а како што неофицијално се дознава, преовладува мислењето дека таа треба да биде усвоена.