ПравдаСветот на работникот

Кина: Работниците треба да се враќаат на работа, за да продолжи индустриското производство

   Време за читање помалку од минута

Специјалната група на кинеската Влада за коронавирусот вчера соопштила дека на вработените во најважните индустриски гранки потребно е да им пружи помош за да се вратат на работа што е можно побрзо, за да продолжи производството на основните животниски производи и санитетски материјали, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Коронавирусто е причина поради прекинување на производството, а специјалната група наведе дека работниците треба да се вратат на своите работни места во серии, а не одеднаш за да се намали ризикот од инфекции.

Специјалната група, исто така, на железниците, авиокомпаниите и остатокот од јавниот превоз им нареди да го координираат својот пристап и да го минимизираат ризикот од пренесување на болеста, пренесоа британските медиуми.