Правда

Климатските активисти протестираат против состанокот на Одборот на „Симнес“

Климатските активисти - Работник
129views

Извршениот директор на компанијата Сименс ги нарече демонстрациите „гротескни“

Активстите го обвинуваат Симнес дека е виновен за учество во големо ископување на јаглен во опожарената Австралија, пренесува Дојче Веле.

Околу 300 активисти денеска се собрале пред зградата на Олимихол во Минхен во знак на протест против состанокот на Одборот на германскиот индустриски гигант Сименс.

Демонстрантите излегоа на протест поради учеството на Сименс во ископ на рудник со јаглен во Австралија кој ќе биде воден од страна на индиската енергетска компанија Адани.

Научниците рекоа дека потпирањето на австралискиот јаглен придонело не само на глобалниот импакт врз климатските промени, туку и на јачината на катастрофалните пожари кои разбеснејаа ширум државата, убивајќи десетици луѓе и стотици милиони животни.

Средношколската активстка од организацијата Петоците за иднината, Варша Ајман, како и претставници од Ванган и Џагалингу семејните совети кои што се домородна австралиска група, со години протестираат против рудникот на Адани.

Во вторникот навечер, активистите на Гринпис го опколија седиштето на Сименс со банер на кој пишуваше „пожарите започнуваат тука!“.