Гласен Текстилец: Работодавачите спремаат откази поради зголемувањето на минималната плата
❌СООПШТЕНИЕ ДО РАБОТНИЦИТЕ/ЧКИТЕ❌АЛАРМАНТНО
‼️Здружението Гласен Текстилец од Штип доби сознание дека поради стапувањето на сила на Законот за минимална плата каде истата сега изнесува 18.000 денари, работодавачите во следниот период спремаат откази на работниците поради наводно кршење на ред и дисциплина и неисполнување на нормираниот учинок од страна на работниците/чките.
🚫 Ги повикуваме работниците да не потпишуваат никакви документи, изјави или спогодби се додека не се консултираат со правниот тим на Гласен Текстилец од Штип и да пријавуваат било какви прекршувања од работен однос, редовно да се јавуваат на своите работни места и покрај усмени укажувања од страна на работодавачите дека ќе бидат повикани на работа а сето тоа нема никаква правна потткрепа дека истите седат дома по налог на работодавачот а не по нивна волја.
⚠️Здружението Гласен Текстилец испраќа апел до сите работодавачи да не превземаат никакви дејствија и противзаконски работи а се со цел да се изиграат Законите и правата на работниците, бидејќи ќе се соочат со силен отпор од страна на Здружението.
✅Исто така сакаме да напомениме дека норминариот учинок е укинат од страна на Уставниот суд на РСМ и нема да дозволиме никакво враќање на поранешна состојба и ќе бидат превземи сите правни механизми кои ги имаме согласно Уставот, Законите и меѓународните ратификувани документи во согласност со Уставот на РСМ за заштита на работниците и нивните права.

