Ковачевски: ЕСМ во ноември купи струја за 19,6 милиони евра

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, денеска пред медиумите објави дека само во месец ноември државните електрани купиле увозна електрична енергија за покривање на недостатоците во вредност од 19,6 милиони евра.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ковачевски рече дека количините на купената електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи биле повеќе од предвидениот план.

– Набавките кои што се спроведиа во ноември месец , од планираните 72.000 мегаватчасови, набавени се 82.150 мегаватчасови. Вкупниот износ на сите набавки е 19,6 милиони евра, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека големи недостатоци се јавиле поради тоа што во изминатиот период ЕСМ превзел обврска да ги снабдува со електрична енергија болниците и некои клучни министерства.