Ковачевски: Министерските позиции на СДСМ во Владата се 50% жени, предводници сме на концептот на 50-50 на листите за пратеници и советници
„Во мојот мандат како премиер министрите кои ги предложив, беа 50% жени, сите заменици министри кои ги предложив беа жени, сите државни секретари кои ги предложив беа жени и сите членови на мојот кабинет освен еден беа жени. Тоа рекорд кој никој не може да го сруши само може да го израмни“ истакна Ковачевски на Осмомартовски Марш по повод Интернационалниот ден на жената.
Ние ќе продолжиме да работиме посветено и заедно на остварување на уште подолемо учество, бидејќи ова е наша кауза. За тоа што ова наше општество ќе биде многу подобро место за живеење ако сите вие тука, нашите другарки од СДСМ, активно и секојдневно се вклучувате во општествениот живот и придонесувате кон остварувањето и на програмските, но и на стратешките цели на државата. И тоа е можно, затоа што со напорна работа нема недостижна цел. Успесите кои се постигнати досега се резултат токму на напорна работа. И тоа е факт. – посочи Ковачевски
Зборувајќи за постигнатите успеси на Владата на СДСМ во однос на обезбедувањето на родовата еднаквост, рамноправност, заштитата и поддршката на жените во општеството Ковачевски се осврна на фактот дека СДСМ е предводник на концептот 50-50 на листите за пратеници во Собранието и советници во локалната самоуправа, а министерските позиции на СДСМ во Владата се 50% жени. Воедно, учеството на жените на извршни функции во моментот е 40%, со цел да се зголеми на 50%, додека се работи и на стратегија за поголемо учество на жените на градоначалнички позиции каде првичниот таргет е 30%.