СветСветот на работникот

Кои се десетте најпосакувани грчки работодавци во трговијата?

   Време за читање 1 минута

Десетте најатрактивни работодавци во малопродажната индустрија се истакнати во истражувањето на кариера.гр. во кое учествувале 1805 професионалци од индустријата. Тоа се компаниите: Склавенитис, АБ Василопулос, Лидл Хелас, Водафон, Адидас Хелас, ИКЕА, Тојота Хелас (членка на Групацијата Инчкејп), Дијамантис Масутис СА, Авис Грција и Коцоволос. Десетте беа избрани од 86 компании и категоризирани според осум различни критериуми, како што се: работна средина, можности за развој и раст, општествена одговорност, плати и бенефиции, безбедност на работното место, интегритет на визија и вредности, професионален и личен баланс живот и екстровертност во социјални медиуми, објави То Вима.

Според истражувањето, работниците во малопродажба во огромно мнозинство би ја разгледале понудата од компанија со добра репутација. 95,7% од испитаниците изјавиле дека би размислиле за слична понуда дури и да не бараат нова работа. Покрај тоа, работната средина игра важна улога во изборот на вработениот, при што 69,7% изјавиле дека би дале отказ поради незадоволителна работна средина. Исто така 73,6% бараат информации за компанијата од луѓе кои ја познаваат како работодавец. Според тоа, малопродажните компании (34,9%) ги анализираат придобивките за нивните вработени, 13,9% анализираат како ќе се одвива регрутирањето на нивната страница за кариера. Додека 15,1% ги анализираат програмите за новодипломирани студенти, но и праксата што ја нудат.

Фото: Принтскрин