Колку изнесува минималецот во земјите на ЕУ?
Време за читање помалку од минута
Најновите податоци на Европската конфедерација на синдикати покажуваат значајни разлики во висината на минималните плати меѓу земјите на Европската унија.
Минималната плата во Хрватска изнесува 840 евра бруто, што ја сместува државата во долниот дел на скалата на ЕУ, пренесува Seebiz.
Земјите како Луксембург (2,571 евро), Германија (2,151 евро), Холандија (2,183 евра) и Ирска (2,146 евра) се издвојуваат со минималните плати над 2,000 евра, со кои обезбедуваат значително поголем стандард на своите работници со најниски примања.
Во Франција тој износ е 1,767 евра, додека во Шпанија минималната плата изнесува 1,323 евра. Од друга страна, Бугарија има најнизок износ во ЕУ. Таму минималната плата изнесува само 477 евра.
Извор: b92.net
Latest posts by Редакција (see all)
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025