Колку фирми и дуќани се казнети за недела – неработен ден и со какви санкции се соочија?

Паднаа првите казни за недела – неработен ден. Позната скопска пекара, месарница, маркет во Сарај и во Чаир добија забрана за работа во рок од 15 дена. Согласно законот, немале право да работа во недела, но и покрај тоа, си отвориле и си продавале. Сега, покрај клуч на врата, прекршителите ќе мора да платат и парична казна, од 150 до 2.000 евра, а ако го повторат делото ќе бидат затворени месец дена, велат од трудовиот инспекторат  Во изминативе 20 дена, инспекторите се постојано на терен. Извршиле над 125 контроли, а изречени се неколку опомени, пред се за оние објекти кои имале право да работат, но не поднеле барање до инспекторатот.

Засилени надзори во дејностите кои не трпат прекин на производството, трудовиот инспекторат најавува после 15 ти февруари, кога треба да биде исплатена јануарската плата. Ќе проверуваат дали работодавачите им дале дневница на вработените, зголемена за 50%, односно 100 отсто за трговските дејности. Од државниот трудов инспекторат уверуваат дека простор за манупулација нема – затоа што при контролите ќе бараат извод од пресметките за плата за наведените имиња, односно позиции. Проценката дали добиле зголемена дневница, според нив, многу лесно ќе се прави.

Инаку, Законот за прогласување недела неработен ден е донесен по барање на Синдикатот, кој пресмета дека дневницата за минимална плата од 15.200 денари изнесува 1,140 денари, додека за просечната од нешто под 30 илјади денари, достигнува над 2,000 денари (2,186 ) денари. За работа на празник пак, се исплаќаат 2,5 дневници.

Извор: Сител