„Колку ќе биде ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА ОД 1 ЈУЛИ поради покачувањето на ДДВ-то?“
Ова што се случува е институционално насилие, така што можевме да видиме како се злоупотребува целокупната постапка на носење закони, се злоупотреби европското знаменце, во договорот за коридорите стои одредба каде што за 4 консултанти треба да се исплати плата од 35 500 евра, дали во компаниите во кои што сте работеле дали во компанијата каде што акционер сте сега би дале 35 500 евра плата на вработен за консултантски услуги? Односно дали е нормално на консултант кој што не е со специфична струка е нормално да им се исплати плата 35 500 евра“ праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
Стојаноски упати прашање до премиерот Ковачевски колку ќе биде нето поскапувањето на струјата од 1 јули по основ на 8 % покачување на ДДВ.
„Второто прашање ми е во врска со утринската изјава на вашиот вицепремиер за економски прашања, во врска со поскапувањето на струјата дополнително и воведувањето на евтина тарифа, прашањето ми е следно, колку ќе биде нето поскапувањето на струјата од 1 јули по основ на 8 % покачување на ДДВ“ , праша Стојаноски.
Посочи дека минатата недела била во Тетово каде, како што кажа, беше претставена новата германска инвестиција на семејство од земјава кое има работено во Германија каде има отворено бизнис.
-Сега нивната германска компанија ја отвори инвестицијата „Мулти парк Изаири“ во Тетово која ќе произведува кабли од бакар, а во иднина и бакарни цевки, рече Ванделт.
Прашана како техничката рецесија во Германија во последниот квартал може да влијае на економијата на земјава и на земјите од регионот во кој има бројни германски инвестиции, рече дека е тешко да се предвиди економската состојба.
-Комплексно е да се даде предвидување за економската состојба, но она што можам да го забележам и заклучам е дека како Германска комора во Северна Македонија во изминатите недели добивме голем број прашања од германски компании кои се заинтересирани и за македонскиот пазар како пазар во кој може да се инвестира и за понатамошна трговска размена, посочи Ванделт.
Нагласи дека има значаен раст на економската размена меѓу двете земји и додаде дека во 2020 година трговската размена била 3,9 милијарди евра, а во 2022 година достигнала до речиси пет милијарди евра, поточно 4,8 милијарди евра.