Комисијата за европски прашања ги прифати измените на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух
Собраниската Комисија за европски прашања на денешната седница го прифати Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух и го даде на натамошно читање.
Министерот за живота средина и просторно планирање Насер Нуредини образложувајќи го Предлог-закон рече дека има детална листа за мерки што се усвојуваат со наредба од Владата по предлог на МЖСПП , МВР, министерствата за економија, за здравство, за труд и социјална политика и за транспорт и врски. Мерките што се однесуваат на бизнис секторот, рече тој, се усвојуваат по консултации и соработка со нив.
-Инспекторатите, локалните и државни инспектори за животна средина се овластени да го мониторираат планот за спроведување на овие мерки. Предложените глоби се согласно максималните утврдени глоби согласно Законот за прекршоци за мали микро и средни претпријатија и овие одредби се предвидени согласно новиот Закон за инспекција, рече Нуредини, објави Канал 5.