Компаниска кулура и привлечни компезациски пакети: Што друго бараат кандидатите за работа од компаниите
Во денешниот конкурентен пазар на труд, кандидатите за работа имаат високи очекувања од потенцијалните работодавачи. Прифаќањето на овие очекувања на компаниите може да им помогне да привлечат нови таленти и да ги задржат постоечките. Еве неколку клучни фактори кои кандидатите за работа ги бараат од компаниите:
1. Компаниска култура
Кандидатите за работа сакаат да работат во средина која соодвествува со нивните вредности и стилот на работа. Позитивната компаниска култура која промовира соработка, иновација и благосостојба на работниците е особено привлечна за нив. Кандидатите бараат компании кои овозможуваат чувство на припаѓање и нудат можности за професионален раст.
2. Компетитивна плата и бенефиции
Платата е важна, но во денешно време кандидатите предвид го земаат целиот пакет, вклучувајќи ги здравствените бенефиции и дополнителни материјални и нематријални додатоци. Компаниите кои нудат компетативен компезациски пакет и поголем распон на бенефиции имаат поголеми шанси да ги привлечат најталентираните работници.
3. Баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот
На многу кандидати за работа балансот помеѓу професионалниот и приватниот живот им е приоритет. Тие бараат компании кои нудат флексибилни работни часови, опции за работа на далечина и добри политики за годишен одмор. Здравиот баланс помеѓу работата и приватниот живот им помага на вработените да останат мотивирани и да избегнат burnout.
4. Можности за напредување во кариерата
Кандидатите за работа сакаат да знаат дека има можност за кариерен напредок во компанијата во која аплицираат. Тие бараат работодавачи кои вложуваат во развојот на вработените преку тренинг програми, менторство и кои нудат јасни кариерни патеки.
5. Репутација на компанијата
Репутацијата на компанијата игра значајна улога во привлекувањето на нови работници. Кандидатите ја истражуваат репутацијата на компанијата преку онлајн рецензиите, социјалните медиуми и преку разговор со луѓе кои работат таму. Компаниите кои имаат позитивна репутација за добро третирање на работниците и кои одржуваат етички пракси имаат поголеми шанси да паднат во очите на кандидатите.
6. Инклузивна и разнолика работна средина
Кандидатите за работа ја ценат разноликоста и инклузијата на работните места. Ваквите работни средини имаат поголема ангажираност, креираат чувство на припаѓање, ја зголемуваат иновативноста на вработените и ги острат нивните лидерски вештини.
7. Силно лидерство
Ефективното лидерство е од голема важност за кандидатите за работа. Секој сака да работи во компанија која има силни и транспарентни лидери кои целосно се потпираат на етиката, бидејќи токму тие имаат моќ да ги инспираат и мотивираат нивните тимови. Компаниите кои имаат силно лидерство имаат поголеми шанси да создадат позитивна работна средина и да постигнат долгорочен успех.
8. Позитивна работна средина
Позитивната работна средина е есенцијална за задоволството на вработените. Ниеден, па вклучувајќи те и тебе кој го читаш текстот во моментов, не сака да работи на токсично работно место. Позитивната работна средина вклучува отворена комуникација, тимска работа и грижа за благосостојбата на секој вработен.
9. Технологија и иновации
Кандидатите за работа ги привлекуваат компании кои се во тек со технологијата и иновациите. Сакаат да работ за компании кои се во предност пред другите и нудат модерни алатки и ресурси за зголемување на продуктивноста и ефикасноста.
10. Опшествена одговорност
Многу кандидати за работа ја земаат предвид општествената одговорност на компанијата при носењето на кариерни одлуки. Во голем дел, тие преферираат компании кои се посветни на одржливоста, општествената ангажираност и етичките пракси.
Во Македонија се’ уште е мал бројот на компании кои ги исполнуваат овие аспекти, но со оглед на актуелната состојба на пазарот на трудот, ќе немаат друг избор освен да започнат да се менуваат. Оние кои нема да го направат тоа, има големи шанси да бидат принудени да стават клуч на врата.
Фото: Pixabay
- КАКО ДА ОДГОВОРИТЕ НА ПРАШАЊЕТО „КОЛКАВА ПЛАТА ОЧЕКУВАТЕ?“ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА – ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ НА ИЗАБЕЛА ШКОФ, СОВЕТНИК ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРА [Видео интервју] - 17/04/2025
- МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ВИСОКО АНГАЖИРАНИ, НО МНОГУ ГНЕВНИ: Состојбата во Европа со ангажираноста на вработените со акцент на Македонија - 13/04/2025
- ЕДНО ПРАШАЊЕ: КАДЕ ДА ПРИЈАВАМ МОБИНГ? - 10/04/2025