КОМПАНИЈА ЗА СЕКОЈА ПОФАЛБА: Платите ги зголемила за дури 40 % откако властите ги повикале компаниите да го направат тоа

Fast Retailing, најголемиот азиски трговски гигант за облека и сопственик на бренот Uniqlo, ќе ги зголеми платите на вработените во Јапонија за дури 40 % поради растот на инфлацијата во земјата со најбрзо темпо во последните неколку децении.

Остар скок на платите настанал по повикот од страна на премиерот Фуми Кишида упатен кон јапонските приватни компании да ги зголемат платите кои со децении стагнирале.

Економистите очекуваат дека и другите компании ќе го следат нивниот пример, но во далеку помал обем, со што се поставува прашањето дали Јапонија може да создаде циклус на раст на платите, потрошувачката и цените.

Зголемување на платите: Која е целта?

Во соопштението во средата, Fast Retailing информирал дека зголемувањето на платите, кое треба да стапи на сила од март, има за цел компанијата да ја направи да биде глобално конкурентна. Додека многу јапонски компании се потпираат на структурата на плати на основа на работниот стаж, Uniqlo ќе ги проценува работниците на основа на нивната ефикасност и способноста да придонесат кон работењето, се додава во соопштението.

Како резултат на ревизијата, почетната месечна лата за оние кои имаат факултет ќе се зголеми од 1,925 на 2,270 долари, додека платите на менаџментот ќе пораснат од 2,190 на 2,945 долари.

„На останатите вработените, компанијата планира платите да им ги зголеми годишно за дури 40 %. Во иднина, за новите зголемувања на платите ќе се одлучува согласно глобално усогласени критериуми“, рекле од компанијата.

povećanje

Јапонија/Фото: Unsplash

Не е прво зголемување

Поголемиот дел од творато ќе падне на компанијата, бидејќи државата се соочува со проблеми поради падот на јенот, инфлацијата и епидемијата со Ковид – 19 во Кина.

За да се решат некои од овие проблеми, минатата година компанијата ги зголемила цените на некои од водечките производи на Uniqlo во Јапонија.

Исто така, Fast Retailing во септември им ги зголемил платите за 20 % на поголемиот дел од вработените кои работат на половина работно време. Во комбинација со најновото зголемување на вработените со полно работно време, вкупните трошоци за нив ќе пораснат за околу 15 % во однос на една година претходно, за што компанијата рекла дека ќе биде апсорбирана со зголемувањето на продуктивноста.

Инфлацијата во Јапонија која не ги вклучува променливите цени на свежата храна, пораснала во ноември за 3,7 %, што е најбрзо темпо во речиси 41 година.

Добрата кампања ќе им го покрие дополнителниот трошок?

На темата зголемување на платите во оваа компанија се дискуттирало многу. Додека маркетиншките експерти претпоставуваат дека ова е добра кампања и позитивен ПР за компанија која ќе им донесе профит со кој ќе можат да ги покријат трошоците, економистите сметаат дека ова зголемување е неверојатно, но и дека прашање е дали другите компании ќе се одѕват на повикот од страна на јапонската влада.

Економистите го поздравуваат овој потег на компанијата и сметаат дека истиот може да им помогне да го решат проблемот со недосиг на работна сила.

Извор: BIZLife

Фото: Unsplash