МакедонијаСиндикат

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија стана член на Кешбек Ворлд заедницата

Конфедерацијата на слободни синдикати - Работник
216views

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е најновиот член на Cashback World куповната заедница која е под капа на myWorld Македонија. Оваа заедничка соработка ќе им овозможи на сите членови на Конфедерацијата да се здобијат со сопствена брендирана Cashback картичка и најдобро шопинг искуство во рамките нанајголемата светска шопинг заедница.

Соработката помеѓу КСС и myWorld Македонија ќе ги стави темелите на едно успешно долгорочно партнерство и всушност има за цел да ги поттикне и останатите организации да го препознаат потенцијалот и заложбите кои ги прави Cashback World лојалната програма за сите свои 14.000.000 клиенти и соработници, овозможувајќи им пристап до 140.000 трговски партнери и неограничен број на предности при секое пазарење за сите свои членови.

Со потпишување на оваа соработка членовите на Конфедерацијата ќе добијат свои КСС Cashback картички со кои ќе уживаат до 5% поврат на средствата од износот на пазарувањето кај било кој трговски партнер на Cashback World брендот во светот, како и можност за собирање на Shopping Points за дополнителни попусти и зделки.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, инаку, е доброволна синдикална организација во која се здружени синдикати од јавниот и приватниот сектор во Република Македонија, кои притоа формираат две федерации: Федерација за јавен сектор и Федерација за приватен сектор.

Денес брои вкупно 55.000 членови кои сега ќе можат да ги користат предностите на Cashback World лојалната програма, а основана е уште во 2005 година, како резултат на едно слободно, демократско и независно синдикално движење со основна цел да се поттикне вербата кај работниците и да се врати почитта кон трудот.

Покрај новата соработка со КСС, myWorld Групацијата континуирано склучува соработки со голем број организации, институции и компании и трговски партнери со едноставна цел на своите членови да им понуди многубројни поволности. Листата на партнери и соработници на вбројува и стотици трговски партнери од автомобилската индустрија, градежништво, спорт, мебел и домаќинство и многу други.

Целосната листа на партнери и соработници на Cashback World брендот во Македонија можете да ги погледнете на официјалната веб страна: https://www.cashbackworld.com/mk, a корпоративниот меѓународен вебсајт на myWorld Групацијата е https://corporate.myworld.com/.

Комерцијален текст