МакедонијаПравдаСветот на работникот

Кочовски: Новиот пакет мерки нема реална функција, туку е чиста демагогија

Фејсбук статус на Бобан Кочовски, координатор на трудовиот сектор на Левица:

Никаков пакет мерки донесен од страна на Владата нема реална функција, туку е чиста демагогија и ПР.
Факт е дека изминативе година дена паднаа под стечај околу 400 фирми, факт е дека работното место го загубија над 50 000 работници, факт е дека се кршат правата на работниците од сите страни.
Реалноста е дека ниту Шахпаска, како прв човек на Министерството за труд и социјална политика, ниту Тренчевска, како прв човек на Државниот инспекторат за труд, а богами и ниту Лукаревска како прв човек на УЈП, не сторија ништо во врска со претходните наводи.
Државата ја сведоа на апели и молби, наместо на конкретно делување согласно закон. Политикантство доведено до совршенство, компетенции и желба за напредок една голема нула!
 

Никаков пакет мерки донесен од страна на Владата нема реална функција, туку е чиста демагогија и ПР.

Факт е дека…

Posted by Кочовски Бобан on Thursday, February 18, 2021