Нова инвестиција: Ќе се отворат 40 работни места – Целта е да се стигне до 215 вработени
Дирекорот на Дирекцијата за технолошко – индустриски развојни зони Јован Деспотовски и извршниот директор на турската компанија „Пурпласт“, Мехмед Шишманоглу потпишаа договор за државна помош во Владата на Р. Македонија.
Заедно со договорот е најавена инвестиција од 5,1 милион евра и отворање на нови 40 работни места. Целта е инвестицијата на Пурпласт да биде околу 15 милиони евра и да вработи 215 луѓе.
Пурпласт во октомври 2019 година потпиша договор со ДТИРЗ за закуп на над 26,000 метри квадратни во ТИРЗ Скопје 2. Компанијата ќе произведува пластични маски и други пластични делови за компанијата „Ван Хол“, како и за други компании кои произведуваат автобуси.

