Кочовски: ССМ уште еднаш докажа дека не е ништо друго освен ефтин обид за замајување на работниците
Време за читање 1 минута
Фејсбук статус на Бобан Кочовски, Претседател на Движењето за социјална правда „Обединети Работници“:
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) уште еднаш докажа дека не е ништо друго туку ефтин обид за замајување на работниците преку некаква си квази-синдикална борба!
Наместо овој “синдикат” да се фокусира на заштита и унапредување на работничките права и интереси во овие тешки и стресни времиња за работничката класа, тој се реши да остане пасивен во однос на овие прашања, НО ЗА СМЕТКА НА ТОА ЌЕ ГО ПРОМЕНИ СВОЕТО ИМЕ со цел да не го содржи името “МАКЕДОНИЈА” во него!
Така, наместо ,,Сојуз на синдикати на Македонија”, сега истата организација ќе се нарекува ,,Здружение со иста цел” ?!?!
Повеќе од очигледно е дека на раководството на ССМ е поважно да ја има наклонетоста на власта со цел да ги задржи своите фотељи и хонорари, отколку да ги засука ракавите и конечно да започне да работи во интерес на работниците.
Таков “синдикат” не им е потребен на работниците во Република Македонија! Доста беше од “жолти синдикати”! Време е за нови луѓе!
Latest posts by Портал Работник (see all)
- ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: Од денеска ќе се знае дали ќе се вратат на старо цените што еден месец беа намалени - 12/02/2025
- Грчките институции ги заштитуваат работниците на Санторини, ќе добијат отштета од 534 евра - 12/02/2025
- НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари - 12/02/2025