МакедонијаПравдаСветот на работникот

Кочовски: Фирмите кои ја злоупотребиле помошта на државата треба да ја вратат со камата

Кочовски: Законот за работни -Работник
66views

УЈП ќе опоменувале и јавно ќе објавувале фирми кои си играле со судбините на луѓето?!?! Не бе другари, не треба опомена, не треба јавно објавување, што корист има од тоа обичниот работник? Дали тоа ќе му помогне во животот? Дали тоа ќе надомести месеци наназад како зимал 50% од плата додека газдата зимал државна помош? СЕКАКО ДЕКА НЕ!

Треба до денар да се врати секој денар што е даден на фирмите и тоа со камата! Треба на секој работник да му се КОМПЕНЗИРА неисплатеното од страна на работодавачите и плус да му се исплатат бонуси на таа сума поради сите стресови и нервози кои што ги трпел минатов период!

Така се прави солидарна држава, така се решаваат проблемите на работниците, се друго е само фикција и мачкање очи од Власта и нејзините потрчковци.

пс.На државата и е потребно убаво воспитување од страна на народот оти вака веќе не ја бива! – пишува координаторот на трудовиот сектор на Левица, Бобан Кочовски на фејсбук статусот.