Туристичките работници пристигнаа пред Владата
Туристичките работнци започнаа со протестниот марш од Дрво декор,продолжија преку Собранието и сега се наоѓаат пред Владата, каде што и ќе заврши протестот.

Над 700 учесници со автобуси ги блокираа скопските улици и токму од пред Владата ги упататија главните пораки до надлежните.
Целта на овој протест како што велат е да им покажат на надлежните дека постојат и дека имаат потреба од помош во спротивно 5000 работници ќе останат на улица, објави Сител.
Протестот на туристичките работници го поддржа и Синдикатот за угостителство и туризам при КСС, од каде рекоа дека протестот на туристичките работници е оправдан, бидејќи пет месеци се затворени и навистина им треба финансиска помош од страна на државата.

