Кој сè претставува невработено лице?
Кој сè претставува невработено лице?
Невработено лице е лице пријавено во Агенцијата за вработување, кое е невработено и активно бара работа, а е работоспособно и е подготвено да прифати секакво соодветно или погодно вработување што ќе го понуди Агенцијата.
Дополнително, невработено лице е и лице кое е на обука кај работодавач, на курс за образование или на друга обука и за тоа време користи право на паричен надоместок за подготовка за вработување за времето на користење на паричниот надоместок.
Што значи дека за невработеното лице ќе се смета она кое активно бара работа и ако исполнува еден од следниве услови:
– редовно ги следи огласените слободни работни места и видови на работа и соодветно се пријавува за нив во согласност со целите за вработување определени во индивидуалниот план за вработување;
– присуствува на интервјуа за вработување на барање на работодавачот, Агенцијата или други спроведувачи на мерки за вработување;
– се јавува на покани, известувања и упатувања од Агенцијата и други спроведувачи на мерки за вработување и
– контактира со работните клубови во Агенцијата и ги исполнува предвидените активности од обврските предвидени во индивидуалниот план за вработување, најмалку во роковите утврдени со овој закон.
Невработеното лице кое е привремено спречено за работа поради проблеми со зависност, ментално здравје, сериозни социјални и други здравствени проблеми констатирани во документ од надлежна лекарска комисија се смета дека привремено не може да се вработи.
Тимот на Јуридика

