Криза со вработувања има во Македонска компанија, само 2 отсто од вработените се млади
Една од причините се ниските плати што ги имаат претпријатијата Работата ја отежнува и старата механизација со која работат повеќето претпријатија во земјата.
Недостатокот на кадар во земјата сè повеќе ги погодува повеќето сектори како што се гастрономијата, градежништвото и занаетчиството.
Недостатокот на персонал во Македонија значително го попречува и работењето на комуналните претпријатија. Најновите статистики покажуваат дека во овие локални општински служби само 2 оотсто од работниците се млади.
„Недостатокот на персонал кај младите луѓе, анализите покажуваат дека само 2% од вработените во општинскиот сектор се млади, ова значи дека голем број од над 40% се пензионирани, ова покажува дека може да останеме без персонал за одржување на системот“, рече Јане Вртески – институционален консултант во емисијата на ТВ21.
Причината за овој проблем се чини дека се ниските плати во овој сектор. Покрај обичните работници, на претпријатијата им недостасуваат и квалификувани работници, како што се инженерите во оваа област.

