- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС: Владата и МТСП нe ги почитувaaт законите, а баpaaт од другите да ги почитувaaт

КСС - Работник
392views

На прес конференцијата претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија укажа дека членот 8 од Законот за минимална плата четири години не се спроведува и не се почитува. Со истиот се наложува минималната плата да се усогласи со Колективните договори, а тоа би значело раст на платите на сите вработени пропорционално преку т.н домино ефект. Заради не спроведувањето на овој член имаме порамнување на платите во одредени категории во јавниот сектор. Со ова Ралповски нагласи дека Законот се почитува селективно, односно се применуваат само одредбите коишто и одговаараат на Власта.

Отстранување и замолчување на КСС од страна на Владата во Економско – социјалниот совет, само затоа што ги штити правата на работниците…

Откако го Претседателот на КСС го цитирал членот 8 од Законот за минимална плата и укажал на негово непочитување од страна на Владата, од страна на министерот Шахпаска бил дрско исклучен од состанокот, со што на синдикатот му било одземено правото на збор, но и можноста да ги одбрани работничките права. Ралповски рече дека токму поради тоа што укажува на непочитувањето на законите, Конфедерацијата на слободни синдикати се држи надвор од Економско – социјалниот совет, а власта наоѓа подобни социјални партнери коишто ќе го проголтаат, она што што таа ќе им го сервира.

Нашата коректност не е наша слабост…

Ралповски рече дека синдикатот бил коректен во изминатиот период затоа што знаел во каква состојба е државата. Нагласи дека доколку не остварат средба со надлежните и ако продолжат да ги исклучуваат на дрзок начин да ги острануваат од состаноци, на кои бараат да ги почитуваат законите, тогаш набрзо тие ќе им одат „на гости“ во поголем број, со што би се радикализирало синдикалното делување.