МакедонијаНовостиСиндикат

КСС го одржа третиот и последен Модул од Академијата за лидерство

   Време за читање 1 минута
Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати:
 
Од 1 – 3 Декември во Охрид се одржува третиот и последен Модул од Академијата за лидерство на КСС/KSS’s Leadership academy во организација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија потпомогната од Solidarity Center од Америка.
Тренери на овој трет Модул беа Проф. Лазар Јовевски, професор по трудово право и Проф. Зендел Абедин Шехи, професор по политички науки и дипломатија. Претставник од Solidarity Centar е Steven McCloud, програмски директор за Албанија, Косово и Македонија.
Во рамки на последниот Модул учесниците ќе се стекнат со практично знаење и унапредување на комуникациските вештини потребни за синдикалното лидерство. Исто така теми на кои се работи се социјалниот дијалог, запознавање со Конвенциите на МОТ, но и практични вежби за успешно преговарање.
Учесници на академијата се синдикални лидери, претставници од Секцијата на млади и Секцијата на жени при КСС.