- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС го повикува ПРЕМИЕРОТ да се стави крај на кршењето на работничките права

КСС - Работник
310views

КСС од Премиерот на Македонија Зоран Заев денеска упати неколку барања меѓу кои:

Да ја прекине  конфузијајата и ограничување и во соработка со стручни и компетенти лица и организација да стави крај на оваа нелегална битка на одредени структури кои се во обид да ги скратат правата на работникот, а правото на плата, потсетија дека е Уставна категорија.

Побараа и да стави крај на уништувањето на работникот со некакви уредби и заклучоци со кои се суспендира Закон, на штета на и онака сиромашниот работник, кој погоден од оваа зараза не може да си дозволи квалитетно и целосно лекување. Почнуваќи од правото на тестирање за кое преку матичен лекар се чека со денови, па се до цената на лекарствата кои се потребни за лечење на вирусот.

Од таму посочија и дека работодавачот е должен да ги заштити работниците согласно Законот за БЗР. Секое заболување на работно место од Ковид-19 се смета за повреда на работното место и се исплаќа 100% боледување.

Порачаа и дека Инспекторатот за труд е одговорен сето ова да го следи, да го констатира и да ги заштити правата на работниците. Но, истакнаа дека, од таму каде што пријавуваат, немаат конкретни одговори.

Од КСС потсетија дека е потребно да се исплати 100 % боледувањето на оние коишто се во излоација или се заболени од Ковид 19, како и дека заболувањето треба да се третира како повреда на работното место. 

 

Advertisement