МакедонијаСиндикат

СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЕТА НА СИНДИКАТОТ НА СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА- ССП

🤝Прекрасни моменти од свеченото отварање на 19-тата „Полицијада – Златибор 2026“ во организација на Синдикат српске полиције ССП – Sindikat srpske policije SSP. Нашата делегација со гордост го претставуваше Синдикатот на полиција во Македонија (СПМ) на оваа најмасовна спортска и синдикална манифестација во регионот.

Делегација на Синдикатот на полиција во Македонија на почитувана покана од нашите колеги и долгогодишни соработници од Синдикатот на српската полиција (ССП), во периодот од 5 до 6 јуни 2026 година оствари успешно учество на традиционалната, 19-та по ред спортска манифестација „Полицијада – Златибор 2026“.

Покрај спортскиот дел и негувањето на колегијалниот дух, претставниците на нашата делегација го искористија дводневниот престој за остварување низа значајни активности ,работни состаноци,размена на искуства како и унапредување на соработката. Присуството на Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ ја потврди институционалната поддршка за синдикалните организации и нивната улога во безбедносниот сектор.

Синдикатот на полиција во Македонија упатува огромна благодарност до Синдикатот на српската полиција за беспрекорната организација и гостопримството, со ветување дека ваквите средби ќе продолжат да бидат мост за уште посилен синдикализам во иднина.

Со почит,Синдикат на полиција во Македонија (СПМ)🇲🇰🇷🇸🤝🏻

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме