МакедонијаСиндикат

КСС беше дел од настанот на МЕТ на кој беше презентирана Новогодишната кошничка

   Време за читање 1 минута

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија присуствуваше на настан организиран од страна на Министерството за економија и труд, на кој беше презентирана иницијативата „Новогодишна кошничка“. Оваа акција, како што наведоа од синдикатот, ќе трае од 15 декември до 15 јануари и ќе има за цел да ги намали трошоците за македонските граѓани, нудејќи повеќе од 600 производи со намалени цени, обележани со налепницата и логото „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Производите ќе бидат достапни на полиците на трговските ланци, а целосната листа ќе биде објавена на веб-страницата 👉 www.mojakosnica.mk.

Оваа акција е резултат на заеднички напори и компромис меѓу претставниците на стопанските комори, синдикатите, производителите и дистрибутерите, што претставува значаен чекор кон поддршка на економскиот стандард на граѓаните.

Соработката и дијалогот се клучот за подобра иднина, стои во Фејсбук објавата на синдикатот.