Грански синдикати при КСС дел од Регионалниот состанок за антикорупција
Фејсбук статус на КСС:
Во периодот од 12 до 14 Ноември во Скадар, Албанија во соработка со Solidarity Center се одржува “Регионалниот состанок за антикорупција”. Истиот е продолжение на претхнодните два одржани семинари во Велес и Охрид. Состанокот започна со активности кои што синдикатите ги реализирале во изминатиот период каде сите синдикати ги презентираа спроведните активности.
Потоа се продолжи со презентација на примери за борба против корупцијата преку проектот на Solidarity Center: “Solidarity against corruption”. Во сесијата која што следеше се објасни улогата на синдикатите во борбата против корупцијата во регионот и зголемувањето на транспарентноста.Од страна на присутните се разви дискусија каде и како можат да влијаат синдикатите во однос на моменталното законодавство. Присутните претставници од синдикатите дискутираа и се договорија за следни активности во рамки на оваа регионална мрежа во борба против корупцијата како и за темата за следниот состанок како продолжение на овој регионален состанок кој што ќе се одржи следната година. Присутни синдикати на овој состанок беа од областа на државна управа и јавна администрација и областа на здравството од Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, односно од Македонија на овој состанок присуствуваа претставници од САДУ и ССКЦ.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025