МакедонијаСиндикат

КСС започнува со постапка на прифаќање на понудата за зголемување на платите на административните службеници (ВИДЕО)

Соопштението на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ви го пренесуваме интегрално:

КСС започнува со постапка за прифаќање на понудата за зголемување на платите на административните службеници во рок од 25 до 26 месеци почнувајќи од 01.03.2026 година завршувајќи до 01.03.2028 година, и заедно со линеарното покачување дополнително ќе се покачуваат платите по 8% секоја година, за кој веќе е започаната подготовката на поединечни колективни договори, со цел зголемувањето на платите во администрацијата да стане реалност без да се изгуби времето на работниците !

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) уште од првиот момент ја прифати понудата кога таа беше изнесена, без опструкции, без калкулации и без злоупотреба на работниците. Нашиот став беше и останува јасен – секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш.

Во изминатиот период јавноста е сведок на обиди за создавање лажна слика дека не постоела реална можност за покачување на платите и дека некој друг е виновен за изгубеното време на работниците. Вистината е поинаква и мора јасно да се каже.

Понуда за покачување на платите постоеше и беше ставена на маса. Наместо таа да биде прифатена и да се оди кон конкретна реализација во интерес на работниците, процесот беше свесно опструиран од страна на УПОЗ и ССМ. Поради ваквиот пристап, работниците изгубија неколку драгоцени денови и месеци, не поради суштинска борба за права, туку поради дневнополитички популизам и обиди за собирање поени преку протести без резултат.

Под притисок на преговорите на КСС и САДУ вистината излегува на виделина и она што ССМ сакаат да го прикажат како неуспех, е успех за работниците. Како може да се каже дека социјалниот дијалог не функционира, кога КСС преку социјален дијалог успеа да се зголемат платите во образование, здравство, полиција, а во одбараната да се почитува колективниот договор и да се исплаќаат сите додатоци на плата!

Вистинската синдикална борба се води со одговорност, искреност и конкретни резултати за работниците, а не со спинови и селективна „загриженост“ што се појавува само кога тоа одговара на нечии интереси.

КСС ќе продолжи да дејствува во интерес на работниците – со дела, а не со празни зборови!