Независниот синдикат на полицијата дава безрезервна поддршка на протестот на гранските синдикати при КСС
До редакцијата на порталот Работник пристигна поддршка од Независниот синдикат на полицијата за престојниот протест на гранските синдикати на КСС.
Нивната поддршка ви ја пренесуваме интегрално:
Гранскиот независен синдикат на полицијата, после добивањето на покана од КСС за поддршка за најавениот предупредувачки протест, со одлука на претседателството, дава целосно и безрезервна поддршка на дел од Гранските синдикати при КСС за најавениот протест кој ќе се оддржи на 30.03.2022 пред републичкото Собрание на Македонија. Долгиот временски период поминат со бројни писмени барања упатувани до Министерот за внатрешни работи, Министерот за финансии, Министерот за информатичко општество, како и до Вицепремиерот за економски прашања и Премиерот на Владата, не резултираа со никакво помрднување во однос на разбирање и прифаќање на нашите барања и потреби што во минатото резултираше со мотопротести и протести организирани и спроведени токму од НСП. Барањата упатени од страна на Независниот синдикат на Полицијата за усогласување и зголемување на платите, немаа никакви резултати што претставува основа и потреба за здружување со сите синдикални структури во Републиката, кој во овој исклучително тежок временски период од аспект на воено-политичка, економска и енергетска светска криза, се доведени во ситуација да преку протести ги бараат нивните работнички права. Како Грански независен синдикат на Полицијата цениме дека решението на проблемот со кој се соочуваме како работници на Полицијата и дел од јавната администрација е зголемување на бодот на вработените од страна на работодавецот и од страна на владата.
Како Гранснски независен синдикат на Полицијата даваме поддршка за предупредувачкиот протест организиран од страна на КСС на 30.03.2022 година, протест каде и со физичко присуство ќе ја потврдиме нашата одлука и идентичен пристап кон решавање едно од најголемите прашања и проблеми и затварање на проблемот за усогласување на платитена вработените во Полицијата и Државната администрација.

