МакедонијаСиндикат

СПМ: Барање за поголем износ за регрес на годишен одмор за вработените во МВР од 70%

Барање за поголем износ за регрес на годишен одмор за вработените во МВР од 70%‼️

Во член 185 од Колективниот договор на МВР: „Работникот има право на надоместок за годишен одмор (регрес), согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија.

Во член 21 на Општиот колективен договор на вработените во јавниот сектор ставовите 1 и 2 предвидуваат:

(1) Вработените во јавниот сектор имаат право на регрес за годишен одмор, во висина од најмалку 30% од основицата, под услов работникот да работел нај- малку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

(2) Со колективен договор на ниво на сектор, оддел или група или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

Согласно член 21 став 2 од Општиот КД за јавен сектор, Бараме и предлагаме во член 185 од КД на МВР, после ставот 1 да се додаде нов став 2 кој гласи: „Работникот има право на надоместок за годишен одмор (регрес) од минимум 70% од основицата.

Сметаме дека вработените во МВР го заслужуваат ова право. НИВ НЕ ИМ ТРЕБААТ РЕШОА, ТРОТИНЕТИ И КОСИЛКИ, ИМ ТРЕБААТ ПАРИ‼️

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!