МакедонијаСиндикат

Од 19 до 21 ноември 2026 година, во хотелот „Молика“ во Битола, се одржа Синдикалната школа за Секцијата на млади при САДУ

Фејсбук статус на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство:

📍Од 19 до 21 ноември 2026 година, во хотелот „Молика“ во Битола, се одржа Синдикалната школа за Секцијата на млади при САДУ.

Тридневното дружење ги собра младите членови на синдикатот околу идејата дека иднината на синдикатот зависи од знаењето, енергијата и ангажманот на новите генерации.

Школата ја отвори претседателот на САДУ, Благоја Ралповски, каде на младите им беше претставено како функционира организацијата во која се дел и каде може да го најдат своето место и да придонесат.

Проф. д-р Лазар Ѓуров ги поведе учесниците низ размислување за вредностите на кои се гради секое лидерство и за пречките со кои се соочува секој тим.

Проф. д-р Лазар Јовевски зборуваше за самата суштина на синдикалното делување: како се организираат работниците и како се преговара и се води социјален дијалог.

Со оваа активност, САДУ продолжува да инвестира во едукација и во градење силно, современо и одговорно синдикално лидерство. Кога младите се вклучени, слушнати и подготвени да преземат одговорност, синдикатот има иднина.

🔗Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк: https://shorturl.at/p7inA