МакедонијаСиндикат

САДУ беше домаќин на синдикатот TOLK – SEN од Турција

Фејсбук статус на Синдикатот за администрација, државна управа и правосудство на Македонија – САДУ:

🤝Денеска Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија (САДУ) беше домаќин на делегација со претставници на синдикатот TOLK – SEN од Турција.

На средбата беа разменети искуства за синдикалното организирање, застапувањето на правата и интересите на работниците и предизвиците со кои се соочуваат синдикатите во своето работење.

🌍 Посебен акцент беше ставен на можностите за идна соработка, размена на добри синдикални практики, со цел унапредување на синдикалното делување и зајакнување на солидарноста меѓу синдикатите.