МакедонијаСиндикат

Одржана Синдикална школа за Секцијата на жени при САДУ: „Силни жени – силен синдикат!“

Фејсбук статус на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство – САДУ:

📢 Одржана Синдикална школа за Секцијата на жени при САДУ: „Силни жени – силен синдикат!“

Од 5 до 7 ноември 2026 година, во хотелот „Молика“ во Битола, се одржа Синдикалната школа за Секцијата на жени при САДУ.

Тридневното дружење и учење ги собра членките на синдикатот околу идејата дека женскиот глас во синдикатот не е придружна, туку водечка сила на промената.

🎯 Школата започна со воведно излагање на претседателот на САДУ, Благоја Ралповски, а свое излагање имаше и претседателката на Секцијата на жени при САДУ, д-р Билјана Богданова-Смилевска, која ги поттикна членките да не бидат публика, туку соосновачки на Секцијата. Акцент беше ставен на активните улоги на жената во синдикатот и на тоа дека синдикалното лидерство е патека на континуиран развој, на која секоја членка може да прерасне од учесничка во креаторка на промените.

Темите синдикално организирање и лидерство, како и колективни преговори и социјален дијалог, ги презентираше и продлабочи проф. д-р Лазар Јовевски каде членките имаа можност да се запознаат со клучните алатки за ефективно синдикално делување и преговарање.

Проф. д-р Лазар Ѓуров ги обработи лидерството базирано на вредности и тимското лидерство, со осврт на пречките што можат да се појават во тимската работа.

Со оваа активност, САДУ продолжува да инвестира во едукација и во градење силно, современо и инклузивно синдикално лидерство. Кога жените се слушнати, заштитени и вклучени во одлучувањето, синдикатот е посилен. Силни жени – силен синдикат!

👉Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк: https://shorturl.at/fmakd