Потпишан Колективен договор помеѓу САДУ и Општина Кичево
Почитувани, на мое особено задоволство и заложби за првпат од осамостојувањето на Македонија, Општина Кичево добива Колективен договор со кој се унапредуваат и дополнително се гарантираат правата на вработените во општинската администрација.
![]()
Денес го потпишавме овој значаен договор, кој е резултат на заеднички ангажман, конструктивен дијалог и соработка меѓу Општината и синдикалните претставници.
Особено значајна придобивка од договорот е предвиденото зголемување на платите за 7% годишно во период од три последователни години, со што се создава основа за постепено подобрување на материјалната положба и соодветно вреднување на трудот на вработените.
Она што пред една година започна како иницијатива, денес станува конкретна реалност. Овој договор не е само формален чин, туку израз на почит кон луѓето кои секојдневно придонесуваат за функционирањето на Општина Кичево и обезбедувањето услуги за граѓаните.
Упатувам искрена благодарност до претседателката на Синдикалната организација на Општина Кичево (СООК), г-ѓа Милена Дуртаноска, за иницијативата, посветеноста и ангажманот во процесот на преговори.
Благодарност и до г. Благоја Ралпоски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија (САДУ)**, за поддршката и придонесот во постигнувањето на овој договор.
– Како градоначалник, сметам дека грижата за институцијата започнува со грижата за луѓето кои работат во неа. Професионална, ефикасна и одговорна локална самоуправа се гради преку мотивирани вработени, почитување на работничките права и создавање достоинствени услови за работа.
Ова е важен чекор во таа насока, но и обврска да продолжиме со отворен дијалог и одговорен пристап кон подобрувањето на условите за работа.
Продолжуваме со работа и конкретни чекори за унапредување на Општина Кичево.

